ЈУБИЛЕЈ

Нокаут полнат 20 години!

Дечките од Нокаут 20-годишнината од постоењето решија да ја одбележат со еден новитет - нова интернетска страница која ќе значи можност за поблиска и полесна комуникација со нивните фанови.

Страницата, велат, претставува одлична можност за љубителите на убавата музика полесно да допрат до нивните песни, да го прочитаат она што го пропуштиле за нив, но и да ги преслушуваат нивните четири музички изданија. На страницата може да се видат и снимките од нивните концерти како Unplugged концертот снимен за МРТВ, големиот концерт во Метрополис, и оној во Универзална сала, како и дел од видеоспотовите.

Галерија, пак, е името на категоријата во која се објавени мал дел од илјадниците фотографии направени за време на бројните настапи, концерти, снимања на спотови, зад сцената, на турнеја, со фановите, пријателите, соработниците... Бендот не заборавил да одвои и посебно место за фановите, па така FAN'S WALL е местото на кое тие можат во секое време да им пишат нешто, да им пратат фотографија или едноставно да ги поздрават.

Се на се, Нокаут добија свој дом на интернет просторот во кој се надеваат дека ќе има многу интересни содржини кои ќе привлечат голем број на гости. Сите се поканети на nokaut.mk

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари