МАРИЈА ШЕРИФОВИЌ:

Никогаш нема да се омажам!

Марија Шерифовиќ во едно интервју открила дека никогаш во животот не планира да се омажи затоа што не верува во бракот како институција.

Марија Шерифовиќ во едно интревју открила дека никогаш во животот не планира да се омажи затоа што не верува во бракот како институција.

Никогаш нема да се омажам, не верувам дека тоа ќе се случи. Барем сега-засега не размислувам за тоа. Среќна сум и заљубена и тоа е најважно", рекла пејачката и потенцирала дека периодов нема баш време за приватен живот, а причина за тоа се многубројните настапи и концерти.

Мојот живот е сведен на авион, автомобил и Саша Поповиќ. Цело време работам и немам време за ништо", се пожалила Марија и додала дека иако нема да се мажи, сепак планира да се оствари како мајка.

Сакам да родам син и во целост да му се посветам на тој мал Шерифовиќ. Не сакам да добијам дете, па потоа бабите и тетките да ми го чуваат, сакам да бидам клучна личност во неговиот живот", заклучила пејачката.

Поврзани

Најнови вести

Коментари