Пу, пу не важи

Некои се срамат од лошите фотки и ги бришат, а некои си се смеат сами!

Расел Бренд ја фотографираше својата тогашна сопруга Кети Пери без шминка, но фотката брзо ја избриша затоа што таа му се налути. Бијонсе своевремено им забрани на фотографите да ја снимаат за време на турнеја заради една "срамотна" фотографија...

Пред да објавиме фотка која може да ја види целиот свет обично се обидуваме да ја одбереме најдобрата, онаа на која сме излезени совршено, па потоа малку (или малку повеќе) и ја потсредуваме со филтери и разно-разни алатки... И така е најчесто. На ова "средување фотки" не се имуни ни познатите, иако на некои од нив им се случило и да им "летне" некоја обична, па после иако се покајале и со брзина на светлината ја избришале истата веќе си го нашла својот пат до светот...

Расел Бренд
Комичарот своевремено ја фотографираше тогашната сопруга Кети Пери без шминка. Но мораше фотката брзо да ја избрише зашто Кети му се налути, многу!

Бијонсе
Пејачката полуде заради фотка на која прави гримаса, па забрани да ја снимаат на турнеите. Се налути затоа што американските поратали ја исмеаја и направија шеговите плакати на сметка на нејзиниот изглед.

Нина Бадриќ
Бадриќ се соочи со друг проблем. Имено, пејачката го фотографирала трудничкото стомаче на својата добра пријателка Сандра Мелниченко, но набрзо се премислила па ја избришала објавата.

Ели Гулдинг
Ели морала да ја избрише заедничката фотка со Кети Пери заради својата пријателка Тејлор Свифт. Имено, Тејлор и Кети веќе долго време се непријателки.

Џенифер Лопез
После прекинот со Дрејк почна да се шушка дека латино убавицата се гледа со Алекс Родригез. Таа тоа и го потврди со зедничка фотка, која очигледно непланирано ја објави затоа што ја избриша со брзина на светлината.

Селена Гомез
Селена се пофали со атрактивна фотографија на која е во гаќички, но очигледно брзо се премисли па уште побрзо ја тргна од социјалните мрежи.

Џастин Бибер
Џастин ја покажа својата позадина на Инстаграм, а не е познато дали фотографијата ја избришал сам или ја отстраниле од социјалната мрежа.

Марија Шерифовиќ
Пејачката пред некое време објави фотка од плажа, на која е во топлес. Ваквата објава не им се допадна на нејзините пријатели, па ја исмеаја а таа брзо стисна на опцијата "delete".

Кендал Џенер
Кендал позирала во маичка со натпис - Немам гради. Фановите ја извреѓале, а таа решила да ја избрише фотографијата.

Ким Кардашијан
Старлетата одлучила да изреагира на трагедијата што се случи во Манчестер, па објавила фотографија на која на истата локација ужива на концертот на Кање Вест во друштво на својата полусестра Кендал. Обожавателите побеснеле и ја обвиниле дека трагичниот настан го искористила за да се самопромовира.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари