БИВШИТЕ СОПРУЖНИЦИ НА ПОЗНАТИТЕ

Некогаш се сакаа, а денес не се ни поздравуваат на улица!

Не е мал бројот на познати личности кои имаат по неколку разводи зад себе. Нивните бивши сопружници ретко кој ги знае затоа што не се експонираат во јавноста, а тие ретко зборуваат за минатото па дури некои од нив се во толку лоши односи што и на улица кога ќе се сретнат се одминуваат и не се поздравуваат.

Жељко Јоксимовиќ, Аца Лукас, Зорица Брунцлиќ, Лила Стојановска, Александар Маленко се само дел од ѕвездите кои не сакаат очи да си видат со бившите љубови.

Жељко Јоксимовиќ

Миленикот на жените, Жељко Јоксимовиќ, пред бракот со водителката Јована бил во брак со извесна Весна. Се венчале на почетокот на кариерата на пејачот кога тој имал само 23 години и плод на нивната љубов е ќерката Мина. Со оглед на тоа што со Весна се венчал во црква, пред неколку години Јоксимовиќ барал да се поништи бракот за да може пред Бога по втор пат да и се заколне на вечна љубов на Јована.

Аца Лукас

Пред бракот со Соња Вуксановиќ жената која го освоила срцето на тогаш младиот фолкер Аца Лукас била Светлана Вуксановиќ. И додека Соња ја користи секоја можна прилика за да се појави во медиумите, Светлана додека била во брак со пејачот не се експонирала јавно. Денес работи во продавница за здрава храна и максимално се труди да ги изведе своите деца на вистинскиот пат. Од бракот со првата сопруга Аца го има синот Лазар кој работи во курирска служба и ќерката Миљана која е шминкерка во "Гранд продукција".

Жељко Митровиќ

Малкумина знаат дека сопственикот на Пинк телевизија пред бракот со Милица Митровиќ бил во брак со пејачката Соња Митровиќ - Хани. Имено, Жељко и Соња се венчале во 1990 година, а се развеле четири години подоцна. Имаат две деца, ќерката Сандра која има 26 години и синот Александар (24).

Емина Јаховиќ - Сандал

Поп пејачката Емина Јаховиќ има еден пропаднат брак зад себе. Имено, кога имала само 17 години се омажила за Аладин од кого се развела една година подоцна и почнала да гради музичка кариера откако го оставила. Иако била многу млада, Емина во повеќе наврати има изјавено дека не се кае што се омажила и дека во тоа време верувала дека токму Аладин е мажот на нејзиниот живот.

Јелена Карлеуша

После само неколку месеци од гламурозната венчавка Јелена Карлеуша се разведе од бизнисменот Бојан Кариќ. Како главна причина за разводот тогаш низ медиумите се споменуваше неверството на пејачката со еден од телохранителите кои ја чувале.

Зорица Брунцлиќ

Зорица Брунцлиќ после само неколку месеци врска прв пат се омажила за тогашниот шеф на оркестарот со кој настапувала, хармоникашот Зоран Тутиќ. Го добиле синот Ѓорѓе, па се развеле. Но, пејачката среќата не ја послужи ни кога се омажи по втор пат, и тоа со хармоникашот Љуба Кешељ со кого ја доби ќерката Миљана која тој ја нема признаено и ја нема видено од нејзината шеста година. Во 1980 година пејачката се запознала со сегашниот сопруг, хармоникашот Мирољуб Аранѓеловиќ - Кемиш за кога се омажила во 1985 година. Ја имаат ќерката Злата, а неговото презиме го носат и децата од претходните два брака. Пред да се омажи за Зорица, Кемиш беше во брак со Весна Змијанац и многумина ја обвинуваат токму Зорица за нивната разделба. Сепак, пејачката ги негира ваквите обвинувања и има изјавено дека Змијанац и Кемиш имале проблеми во бракот уште пред таа да се запознае со него.

Александар Маленко

Екс пливачот Александар Маленко се има разведено дури три пати, а од сите бракови има и деца. Имено, прво стапи во брак со Сузана Турунџиева од која дури го зема и презимето и со која ја имаат ќерка Лора. Потоа се ожени со актерката Јелена Жугиќ со која, исто така, има дете, па со Русинката Татјана, која, исто така, му роди дете. Следуваше бракот со охриѓанката Фани, која му роди уште две деца и со која се уште е заедно.

Лила Стојановска

Една од оние со повеќе од еден развод е и сексапилната водителка Лила Стојановска. Таа прави шеги на своја сметка кога е во прашање облекувањето венчаници. Од првиот брак го има синот Филип. Потоа следуваше бракот со Орце од "Арија" со кого се запознаа на снимањето од нејзините емисии каде Орце настапуваше заедно со неговиот бенд, но после неколку години брак ставија крај на љубовта, а причина наводно била љубомората од двете страни. Со Орце и се во лоши односи и каде и да се видат се прават дека не се познаваат и се одминуваат. Лила моментално е во врска со братот на ракометарот Столе Стоилов, Стефан, а и Орце е женет.

Поврзани

Најнови вести

Коментари