СО ПОВОД СО ПАНЧО ОД ДНК:

Не сум вообразен лик на кој егото му е на прво место!

Ретко кој знае дека неговото вистинско име е Владимир Блажев. Цела македонска јавност го познава како Панчо, а откако ги здружи силите со Андреј и го формираа дуото ДНК веќе деценија и пол важат за лидери на домашаната хип-хоп и рнб-сцена. По повод 15 години од постоењето на 12 мај ќе одржат голем концерт во "Метрополис арената" во Скопје, а фановите ќе имаат можност премиерно да ги преслушаат и темите од новиот албум "Уште еден ден" кој музичките критичари го оценија како нивен најдобар проект досега.

Ретко кој знае дека неговото вистинско име е Владимир Блажев. Цела македонска јавност го познава како Панчо, а откако ги здружи силите со Андреј и го формираа дуото ДНК веќе деценија и пол важат за лидери на домашаната хип-хоп и рнб-сцена. По повод 15 години од постоењето на 12 мај ќе одржат голем концерт во "Метрополис арената" во Скопје, а фановите ќе имаат можност премиерно да ги преслушаат и темите од новиот албум "Уште еден ден" кој музичките критичари го оценија како нивен најдобар проект досега. Текстовите за сите теми ги потпишува тој, а инспирација, вели, црпи од животот и луѓето околу него. За себе вели дека е голем воркохолик, работи и кога не работи, а среќен го прави времето поминато со семејството и другарите.

Се уште е актуелен вашиот албум "Уште еден ден", а речиси за сите теми кои се наоѓаат на дискот снимивте и видеа. Колку сте задоволни од тоа како поминува материјалот кај публиката и дали вашите очекувања се исполнија?

Панчо: Искрено, прво сум среќен што во ова тешко време извадивме албум и спотови речиси за сите нумери, а второ сум презадоволен од квалитетниот саунд на материјалот и од тоа како песните се прифатени од публиката. На овој албум може да се забележи мала разлика во сооднос со претходниот, но генерално стилски не е многу сменет иако мислам дека како созреваме, така тежнееме кон посериозна музика, а песните како што се "Некој друг", "Уште еден ден", "Север и Југ", "Јас и ти", "Стојам сам"... се доказ за тоа. Благодарен сум му на Бога што ни е овозможено да го работиме она што го сакаме, секако, и на Лазар Цветковски и спонзорите кои безрезервно веруваа во нас и без кои немаше да може да успее целиот проект.

Текстовите за сите теми ги потпишувате лично вие, колку истите се интимни и од каде ја црпите инспирацијата?

Панчо: Од љубовта, тагата и среќата, доброто и злото, секојдневието и разочарувањата од луѓето. Патувањата, книгите без кои не можам да си го замислам животот и секојдневието во кое сум опкружен

На 12 мај во "Метрополис арената" во Скопје ќе одржите голем солистички концерт со кој ќе одбележите 15 години постоење на музичката сцена? Како течат подготовките за концертот и што се публиката ќе има можност да види и чуе на сцената?

Панчо: Ние сме спремни. Со бендот сме веќе седма година и тотално сме вклопени, но, секако, тука се и пробите пред концерт кои веќе се закажани затоа што сакаме да биде се под конец, онака како што сме замислиле. Па може да кажам дека ќе и дадеме многу љубов на публиката за тие 180 минути колку што е предвидено да трае концертот и несебична енергија за да си поминат одлична вечер. Ќе има и многу гости и по некое изненадување, исто така.

Заедно со Андреј функционирате како дуо, кој го има главниот збор во вашата "врска", дали обврските ви се поделени?

Панчо: Па да бидам искрен 95 проценти од работите ги бркам јас и не ми е тешко бидејќи тоа го сакам. Сме си ги решиле сите работи интерно и затоа тераме како што тераме, а според мене функционираме добро за сиве овие 15 години. Ако мислите за последен збор дека некој некому наредува и попува, е тоа го нема тука. ДНК е бренд и мој и на Андреј така што секој има подеднакви права, но со одобрување на другиот нормално.

Што научивте за оваа деценија и пол кариера, доколку можете да го вратите времето назад дали нешто би промениле?

Панчо: Јас ништо! Можеби порано би сакал да го сретневме Лазе, но се е со причина во животот нели, така што не би менувал ниту секунда.

Поприлично сте активни на социјалните мрежи каде без влакна на јазикот го искажувате своето мислење. Се доживувате ли себе си како "дежурен мрчатор"?

Панчо: Далеку од тоа дека сум дежурен мрчатор и дека се чувствувам како таков , а и многу е едноставно дека ако некому му сметам може да направи unfollow или unfriend. Не сум јас виновен што сум брутално искрен и реален, а тоа им пречи на 80 проценти од луѓето во Македонија бидејќи сакаат да живеат во илузија место да си ги преземат животите во свои раце и што е најважно да престанат да се грижат за туѓите. Секогаш кажувам со факти, не измислувам и не сум вообразен лик кому егото му е на прво место.

Настрана од професионалните ангажмани, што ве исполнува приватно?
Панчо: Спортот, читањето, другарите и долгите разговори и совети со мојот духовен отец Агатон. Нормално, тука се и децата и фамилијата.

Како отприлика изгледа еден слободен ден на Панчо, што прави кога не работи?

Панчо: Па искрено Панчо не знае, а да не работи (ха, ха). Работи и кога не работи, едноставно таков сум направен и сум се помирил со тоа. Имам секогаш милион комбинации во глава и не се жалам. Некогаш се чувствувам уморно, но духовно секогаш сум исполнет. Благодарен сум и на мојата сега почината мајка што така ме воспитала и која ме охрабруваше и поддржуваше за секоја моја одлука и потег.

Јасмина Арсова

Поврзани

Најнови вести

Коментари