СОФИЈА МАНЕВА БРОИ СИТНО ДО ПОРОДУВАЊЕТО:

Не сум разгалена трудница!

Софија Манева веќе ситно ги брои деновиве до породување и вели дека едвај чека на свет да го донесе синот кој ќе се вика Петар.

Софија Манева веќе ситно ги брои деновиве до породување и вели дека едвај чека на свет да го донесе синот кој ќе се вика Петар. Дека бременоста и годи потврдува и самата, а без проблем и патува, па така минатата недела заедно со сопругот беше и на одмор во соседна Грција од каде се вратила со полни батерии и спремна за новиот ангажман кој и следува.

Бременоста е чудна работа, колку и да ти е тешко и да имаш мачнини, тоа го поднесуваш лесно и без жалење затоа што во срцето знаеш дека вреди да поминеш се и едноставно уживаш во сето тоа. Се чувствувам благословено и детето кое го носам во себе е божји дар. Моето срце е исполнето со љубов, а уште не сум се породила, не можам ниту да замислам како ќе се чувствувам кога за прв пат ќе го земам в раце", откри екс пејачката која тврди дека не е разгалена трудница.

Чувствителна сум само на многу зачинета храна и не ја поднесувам баш најдобро миризбата, па затоа јадам повеќе овошје и зеленчук. Активна сум, одам на работа, чистам, готвам... правам апсолутно се што правев и пред да забременам", потенцираше Манева.

Поврзани

Најнови вести

Коментари