Јована Јоксимовиќ:

Не очекував дека носам близнаци, но многу се израдував!

Јована и Жељко Јоксимовиќ не можат да ја дочекаат приновата во нивното семејство. Водителката и пејачот се премногу среќни што повторно ќе станат родители, а фактот дека истиот ден ќе добијат две бебиња, двојно ја зголеми нивната среќа.

Јована и Жељко Јоксимовиќ не можат да ја дочекаат приновата во нивното семејство. Водителката и пејачот се премногу среќни што повторно ќе станат родители, а фактот дека истиот ден ќе добијат две бебиња, двојно ја зголеми нивната среќа. Во изјава за српски Курир Јована вели дека била шокирана кога дознала дека ќе роди близнаци.

Тоа беше тотално неочекувано, но предизвика огромна радост. Бев на преглед и лекарот ми кажа дека носам близнаци. Првин помислив дека се шегува, а потоа ме совлада таква среќа што не можам да ви опишам со зборови. Веднаш сакав да му кажам на Жељко, а претходно не сакавме да зборуваме се додека не дознавме дека е се во ред, вели среќната мајка која со популарниот пејач го има синот Коста, а како навела во интервјуто, се уште не е познат полот на бебињата кои на свет треба да дојдат за три месеци

Поврзани

Најнови вести

Коментари