Наоми Кемпбел и нејзината мајка Валери со неверојатниот изглед му пркосат на времето

Легендарната манекенка Наоми Кемпбел и нејзината мајка Валери Морис-Кемпбел ги воодушевија сите присутни на "British Fashion Awards" со нивниот изглед.

Убавиците од 47 и 65 години покажале дека вешто му пркосат на времето. Валери на Инстаграм објавила фотографија со ќерка ѝ, под која напишала дека се гордее со нејзиниот успех. Мајката на планетарно познатата манекенка им честитала на сите оние кои освоиле награди на престижниот британски моден настан.

 

Мајката и ќерката кои изгледаат како две сестри заблескале на црвениот тепих во Лондон.

Наоми, музата на многу модни дизајнери, докажа дека ги има добрите гени на својата мајка. Покрај стотина убавици кои ја преплавија модната индустрија во последните неколку години, "Црната пантерка" и понатаму останува ненадминлива.

Нејзината мајка Валери била танчерка и манекенка. Таткото на Наоми ја напуштил Валери во четвртиот месец од бременоста, со што таа морала сама да ја одгледува својата ќерка. Манекенката се родила во Лондон, но израснала во Рим.

wishing you all a great sunday xx V #weekend #sunday #tbt #photooftheday #instadaily #love

A post shared by Valerie Morris-Campbell (@valeriemorriscampbell) on

wishing you all a lovely day! lots of love x V #throwbackthursday #photoshoot #germany #fashion #instadaily

A post shared by Valerie Morris-Campbell (@valeriemorriscampbell) on

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари