Најновиoт филм на Софија Копола, „Заведен“, вечерва на Синедејс

На Фестивалот за европски филм „Синедејс“, на програмата ќе може да се видат најновиот филм на Софија Копола „Заведен“ со кој ја освои наградата за најдобра режија на годинешниот кански фестивал, и  филмот „Убиството на светиот елен“ на Јоргос Лантимос кој ја доби наградата за најдобро сценарио.

И во двата филма главните улоги ги толкуваат Никол Кидман и Колин Фарел.

Во 19 часот ќе се прикажува филмот „Сина тишина“, а од 21 часот филмот „Срце од камен“.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари