Најлуксузното породување: Откриени детали за раѓањето на детето на Беквалац - сите запрепастени

Пејачката одлучила ќерката да ја роди во приватна белградска клиника, на која ќе и уплати 6.000 евра, додека 4.000 евра ќе потроши за замрзнување на матичните келии.

Наташа Беквалац до детали го испланирала своето породување, кое се очекува на почетокот на март. Таа одлучила ќерката што ќе ја добие со сопругот Лука Лазукиќ да ја роди во едно приватно блеградско родилиште, каде веќе резервирала апартман.

Популарната пејачка е нестрплива во исчекувањето на свето да донесе уште едно девојче. Иако првобитниот план беше нејзиното дете да се роди во Виена, каде редовно одела на контроли, Наташа се предомислила и одлучила да се породи во Белград.

Лусузен апартман

-Наташа во последните месеци беше многу неодлучна кога е во прашање породувањето. Често го менуваше мислењето каде за неа и за бебето би било најдобро. Сакаше во Виена, па во „Народен фронт" во Белград, каде пред 11 години ја роди Хана, и на крајот по детални консултации со Лука одлучи тоа да биде во приватна болница. Тие резервирале луксузен апартман за почетокот на март. Лука цело време ќе биде покрај Натааш, кој судејќи по се, ќе се породи со царски рез. Докторот смета дека така е најбезбедно, со оглед на тоа што таа има 37 години, вели извор близок до пејачката.

Психофизички подготовки

За тој луксуз Беквалац ќе издвои прилично голема сума пари.

-Цената е 6.000 евра. Тука е вклучено породувањето, апартманот, присуството на Лука во салата, редовните контроли, но и психофизичките подготовки пред породувањето. Наташа воопшто не е исплашена, но и годи тоа што со експерти разговара за доаѓањето на новиот член во семејството. Останатите 4.000 евра ќе ги даде за замрзнување на матични келии, вели извор и додава дека пејачката за тоа сериозно размислувала кога последен пат беше во Виена.

-Во текот на прегледот во австриската престолнина, Наташа разговарала со гинекологот кој ја прашал дали е заинтересирана за замрзнување на матичните келии од бебето. Неа тоа и се допаднало, па се одлучила и на тој чекор. При раѓањето на девојчето ќе му се извади крв од папочната врвца која е богата со матични келии, за кои Наташа и Лука ќе ги испратат во банка за чување, најверојатно во Виена, вели изворот.

Поврзани

Најнови вести

Коментари