СОФИЈА МАНЕВА:

На Петровден ќе родам син!

Софија Манева наскоро ќе стане мајка.

Софија Манева наскоро ќе стане мајка. Пејачката која минатата година го изговори судбоносното "да" веќе е во петтиот месец од бременоста и ќе роди син, а вели дека се чувствува пресреќно и воопшто не чувствува тешкотии и мачнини, туку напротив, поприлично е активна и функционира исто како што фукционирала и пред да остане трудна.

Бременоста е чудна работа, колку и да ти е тешко и да имаш мачнини, тоа го поднесуваш лесно и без жалење затоа што во срцето знаеш дека вреди да поминеш се и едноставно уживаш во сето тоа. Се чувствувам благословено и детето кое го носам во себе е божји дар. Моето срце е исполнето со љубов, а уште не сум се породила, не можам ниту да замислам како ќе се чувствувам кога за прв пат ќе го земам в раце#, откри експејачката која заедно со сопругот решиле малиот наследник да се вика Петар, што значи цврст како карпа.

Со оглед на тоа што треба да се породам околу Петровден со сопругот решивме бебето да се вика Петар. Тоа е библиско име и многу ни се допаѓа и на двајцата", додаде Софија и додаде дека воопшто не е разгалена трудница.

Чувствителна сум само на многу зачинета храна и не ја поднесувам баш најдобро миризбата, па затоа јадам повеќе овошје и зеленчук. Јадам и грицки, знам дека се забранети, ама некогаш не можеш да одолееш. Поправена сум само 4-5 килограми и дури откако влегов во петтиот месец почна да ми се познава стомакот. Активна сум, одам на работа, чистам, готвам... правам апсолутно се што правев и пред да останам во друга состојба", потенцираше Манева која неодамна се врати и од Израел каде беше со посилната половина.

Неодамна се вративме од Израел и морам да кажам дека патувањето беше многу напорно затоа што го одевме божјиот пат на земјата, ги посетивме сите места на кои стапнал Господ, направил чуда, проповедал. Патувањето беше духовно и дневно бевме активни и по 12 часа, но не чувствував замор. Исто така сакам да им порачам на сите млади парови да ја посетат оваа земја, затоа што откако ќе се вратат од таму ќе бидат други луѓе. Некако додека си таму стануваш свесен за сите свои грешки, пороци и гревови и сфаќаш дека треба да почнеш од почеток и да бидеш подобар човек. Благодарение на патувањето јас и мојот сопруг го зацртавме патот по кој сакаме да го водиме нашиот живот и да го усмериме животот на нашето дете", заклучи Софија.

Поврзани

Најнови вести

Коментари