РЕВИСКИОТ ОРКЕСТАР Е МИНАТО

На Макфест ќе се пее на матрици!

Соња Бишоп од Финска, Емануел Лидстром од Шведска, Тамина Нијазова од Таџикистан, Гунеш од Белорусија, Елвира Микиева од Азербејџан, Антонија Маркова од Бугарија, како и домашните Елена Петреска, Влатко Илиевски, Антониа Гиговска... се дел од натпреварувачите на годинешното, 32. по ред издание на популарниот фестивал "Макфест".

На барање на штипјани организаторите во март соопштија дека повторно го враќаат стариот, традиционален октомвриски термин, така што трите фестивалски вечери ќе се одржат на 5, 6 и 7 октомври. Во двете полуфинални вечери ќе бидат изведени по 15 песни, додека во финалето ќе слушнеме 20 композиции, но изведувачите наместо да бидат придружувани од Ревискиот оркестар како што тоа беше практика последните три години, сега ќе пеат на матрици, односно полуплејбек.

И овој пат наградниот фонд ќе изнесува 26.500 евра, односно 10.000 за победничкиот тим, 7.500 за вицешампионите, а 5.000 евра за третопласираните. Покрај нив ќе бидат доделени и признанија за вокална изведба, аранжман, дебитант и за најдобар сценски настап, секое од нив во вредност од по 1.000 евра. За сето тоа ќе одлучува меѓународно стручно жири и гласовите на публиката, во сооднос 50:50, а гласањето ќе се одвива по принципот еден телефонски број - еден глас, додека самите учесници ќе имаат можност да заокружат по 3 песни што најмногу им се допаѓаат.

Поврзани

Најнови вести

Коментари