На Евровизија ќе пеам со турбан на главата!

ЕСМА ВЕЌЕ СМИСЛИ ДЕЛ ОД СТАЈЛИНГОТ

Есма Реџепова - Теодосиевска кога е во прашање евровизискиот стајлинг, сигурна е во едно - ќе пее со турбан на главата. Кралицата на ромската песна и Влатко Лозаноски ќе не претставуваат на 58 Евровизија во мај во Малме, Шведска, и ќе пеат во втората полуфинална вечер на 16 мај.
Ќе бидам навистина интересна и вистинска атракција на Евровизија со турбанот на глава, бидејќи сум една од ретките во Европа што го носи овој украс на главата и тој е мојот заштитен знак. Некои жени во Африка имаат ваков имиџ, но мојата техника на врзување на материјалот на главата е единствена, а ја научив од мајка ми која имаше долга коса и секогаш носеше турбан. Материјалот со кој ја врзувам косата е со специјални димензии и мора да е 1.60 на 1.80 сантиметри", вели Есма.

Кога е во прашање песната со која би настапила на најголемото европско музичко натпреварување категорична е дека сака тоа да биде песна во која ќе може да ги покаже гласовните можности.

Би сакала песната што ќе ја пееме да биде прилагодена на моите гласовни можности и да го покажам раскошниот вокал, но и да има орнаменти по кои сум, исто така, единствена и насекаде препознатливаа, вели пејачката и додава дека не е загрижена што во втората полуфинална вечер нема да има никој од пејачите од екс ју- републиките со кои си имаме нати го - дај ми го кога се во прашање поените затоа што таа е доволно позната во цела Европа.

(А . Ѓ.)

Поврзани

Најнови вести

Коментари