Можеа да смислат нешто оригинално: Емина Јаховиќ прозборе за разводот

Пејачката Емина Јаховиќ се нашалила порад шпекуалцијата дека се разведува од Мустафа Сандал, со кои ги има синовите Јемен и Јавуз.

Иако таа наводите ги демантирапе нарекувајќи ги информациите како ноторни лаги, нејзините постапки зборуваат сосема спротивно.

Прво без присуство на сопругот организирала промоција на својот нов албум, па после неколку дена, исто така без него, заминала на зимување со синовите.

И додека јавноста шпекулира дека се гледа со поранешниот партнер, продуцентот Марко Мишковиќ. Емина од своите тврдења не се откажува.

- Приказните кои во последно време се пласираат во медиумите и тоа како ме насмеаа, поготово оние кои се однесуваат на марко Мишковиќ. Мислам дека можеа да смислат нешто оригинално, бидејќи јас тој човек го немам видено десет години, изјавила Емина

Поврзани

Најнови вести

Коментари