Мојот и синот на Северина е во опасност – шок интервју на Милан Поповиќ!

Северина и нејзиниот поранешен партнер Милан се уште водат битка околу Александар, нивниот син, а Милан целосно искрено проговори за погрешните чекори од минатото кои нему и на пејачката им донесоа проблеми во семејството. На Милан и оваа година не му било дозволено да поминува време со својот син, а тој вели дека постојат мајки кои не сакаат татковците да поминуваат време со децата, иако тоа е на штета на детето.

-За мене најголемо богатсво и успех е квалитетно поминатото време со децата. Мене тоа ми е смислата на животот и ќе се борам секој момент да ја сочувам таа смисла и максимално да ја реализирам- вели Милан.

Тој додава дека една од жешките теми околу која никако не наоѓаат заеднички јазик со Северина е уписот во училиште.

-Сметам дека треба да иде во приватно училиште, со ограничен број на ученици, а мајката инсистира на тоа дека Алексдандар треба да оди во државно училиште и тука е проблемот кој јас го гледам, не само поради тоа кои се родители на Алекснадар, туку и поради некои непромислени постапки од минатото поради кои Александар е изложен на ризик на шеги од страна на неговите врсници, па јас како татко сакам максимално да го заштитам. За жал тука не наоѓам поддршка кај мајката – вели Милан.

Поврзани

Најнови вести

Коментари