НАУМ ПЕТРЕСКИ НА САМО НЕКОЛКУ ЧАСА ПРЕД КОНЦЕРТОТ:

Мојата музичка приказна трае 30 години затоа што е работена со трпение!

Се е спремно за вечерашниот концерт на Наум Петрески кој ќе се одржи во Метрополис арената во Скопје, а ќе стартува од 20 часот.

Се е спремно за вечерашниот концерт на Наум Петрески кој ќе се одржи во Метрополис арената во Скопје, а ќе стартува од 20 часот. Во рамки на концертот ќе бидат промовирани песните од новиот албум "Грло ненапеано", но публиката ќе има можност да ги чуе и старите хитови на легендата на народната музика, а интересен е фактот што секоја посетител на подарок ќе го добие новото цеде.

Секој посетител на концертот ќе добие подарок, моето актуелно цеде "Грло ненапено". На сцената како специјални гости ќе ми се придружат Виолета Томовска, Зуица Лазова. Румјана Попова. Димитар Димитров - Градевец и поп-пејачите Ѓоко Таневски и Јоце Панов со кои имам снимено дуети", откри Наум на прес-конференцијата по повод концертниот спектакл со кој одбележува три децении постоење на музичката сцена.

Мојата музичка приказна која трае веќе 30 години е работена со многу трпение. Единствен рецепт за успех е првенствено големата љубов кон песната, големата стрпливост, многу работа и континуитет, и над се соработка со врвни мајстори кои умееат од нотите и зборовите да направат магија која трае", додаде Наум.

Поврзани

Најнови вести

Коментари