СОФИЈА МАНЕВА ЗА СИНОТ ПЕТАР:

Моето срце е исполнето, јас сум горда мајка!

Софија Манева, која во јули на свет го донесе малиот Петар, ужива во мајчинството.

Софија Манева, која во јули на свет го донесе малиот Петар, ужива во мајчинството. Новопечената мајка, заедно со сопругот и наследникот, во моментов се одмораат во Дојран, а дека оваа нова животна улога и годи потврдува и самата пејачка која вели дека нејзиниот син е божји благослов и тврди оти секој ден му се заблагодарува на бога што ја благословил со ваков подарок.

Моето срце е исполнето со љубов, се чувствувам благословено. Петар е мирно бебе, одлично се снаоѓам во оваа нова улога, целосно сум му посветена нему и максимално уживам во мајчинството, вели Софија.

Голема помош добива и од сопругот, а додека Петар не потпорасне не планира да се врати на музичката сцена.

Апстинирам од работа перидов, синот е моја најголема и најважна обврска, заклучи пејачката која минатата година се омажи и направи голема свадба во една позната винарија.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари