TРАГИЧНА ЖИВОТНА ПРИКАЗНА

Мишо Ковач се уште пее, а животот не му бил песна!

Многу пејачи од просторите на стара Југославија носат посебна судбина. Еден од нив е и Мишо Ковач, пејачот кој деновиве наполни 76 години и кој покрај со специфичниот глас и песни ќе остане запаметен по животот испреплетен со чудни случувања.

Мишо прво сакал да се бави со фудбал, но кога бил млад ги слушал настапите на познат трубадур, па и самиот ја засакал музиката. Додека бил во војска во ЈНА бил дел од музичката секција и таму ја развивал љубовта кон музиката. Брзо после тоа почнал да ниже успеси, а неговите песни да стануваат хитови. Во меѓувреме станал и родител, но неговата животна приказна не е ни малку лесна.

Трагедијата која му се случила во пролетта 1992 година, кога под неразјаснети околности настрадал неговиот син Еди, му го менува животот. Тоа го запрело во се, па неколку години му требале да се оправи. Да биде злото поголемо, ќерка му Ивана станала наркомански зависник. Следувал периодот на нејзино лекување. И на крајот, и самиот три пати и побегнал на смртта – 1971 кога имал сообраќајна незгодна, 1999 кога се обидел да се самоубие и 2011 кога имаше срцев удар.

Поврзани

Најнови вести

Коментари