Отворено писмо на Мерил Стрип

Ми требаа години да сфатам што го прави животот неподнослив за живеење

Оскаровката Мерил Стрип долго страдала поради некои работи кои ја правеле незадоволна и тажна. Со годините стекнала доволно самодоверба за да прозбори за тоа и да им се спротивстави.
Еве што напиша во отвореното писмо:


„Веќе немам трпение за некои работи во животот! Не затоа што станав арогантна, туку едноставно затоа што дојдов до точка кога веќе не сакам да губам време на работи кои ме прават незадоволна или тажна.
Немам веќе трпение за цинзам, претеран критицизам или за какви било барања. Изгубив волја да им удоволам на оние кои не ме ценат, немам љубов за оние кои не ме сакаат и не сакам да им се насмевнам на оние кои не ми се насмевнуваат мене.


Не сакам да потрошам веќе ниту секунда на оние кои ме лажат или се обидуваат да манипулираат со мене. Не сакам веќе да бидам во близина на оние кои се преправаат, кои се нечесни или површни.
Не толерирам академска ароганција и не прифаќам популарна тривијалност. Мразам конфликти. Верувам во свет полн со различности и затоа ги избегнувам луѓето со крути и нефлексибилни особини. Во пријателството не толерирам недостаток на верност и предавство. Не се согласувам со оние кои не знаат да дадат комплимент или да охрабрат.


Тешко ми е да ги сфатам луѓето кои не сакаат животни. А најмногу од сѐ, немам трпение за оние кои не го заслужуваат моето трпение!"

Поврзани

Најнови вести

Коментари