Ким Кардашијан конечно проговори за грабежот:

Ми рекоа дека ќе пукаат во мене, немав излез, морав да го дадам накитот!

Во најавното видео за новата сезона на реалното шоу 'Keeping Up With the Kardashians', јавноста ќе има можност да ја види Ким Кардашијан (36) како на сестрите им открива детали од грабежот од октомври минатата година, во која крадци и' го украдоа накитот во вредност од еден милион долари.

Во најавното видео за новата сезона на реалното шоу 'Keeping Up With the Kardashians', јавноста ќе има можност да ја види Ким Кардашијан (36) како на сестрите им зборува за грабежот од октомври минатата година, во која крадци и' го украдоа накитот во вредност од еден милион долари.

Ми рекоа дека ќе ме застрелаат во грбот. Нема излез", им раскажува потресената Ким на сестрите во краткото видео.

Очигледно е дека славната ријалити ѕвезда плачела, а нејзините сестри загрижено се собрале околу неа и внимателно ја слушале што зборува.

Се гледа и дека Ким е толку надвор од себе, што едвај успева да зборува за тоа што се случило.

Штом ќе помислам на тоа, многу се вознемирувам", признала самата.

Освен што зборувале за грабежот, во видеото се гледа и како Ким реагирала кога дознала дека Канје Вест доживеал нервен слом и дека е префрлен во болница во Лос Анџелес.

Поврзани

Најнови вести

Коментари