"Никогаш не бев доволно слаба, ниту доволно убава"

Меган Маркл зборувала за средбата која ѝ го променил животот

Иако името Меган Маркл одамна нѝ е познато посебно во актерските кругови, со веридбата со британскиот престолонаследник Хари, таа стекна уште поголема светска слава.

Но, којзнае дали нешто од ова би се случило доколку пред неколку години таа не го послушала советот на легендарната кастинг менаџерка Ејприл Вебстер ...

Меган Маркл е родена во Лос Анџелес и целиот свој живот сонувала за успешна актерска кариера, но ѝ биле потребни многу време и години за тоа да се исполни.

Во едно интервју пред две години таа открила дека честопати била "преубава или недоволно убава за улогите", дека била "преслаба или недоволно слаба". Токму средбата со Ејприл Вебстер подоцна ѝ отворила многу врати.

"Многу сакав да го пронајдам своето место во индустријата која всушност критички те набљудува и ги извлекува сите твоите маани и недостатоци на површина. Никогаш не бев доволно слаба, доволно убава, им сметаше мојата боја на кожа, а другиот ден бев преслаба, преубава и премногу темна".

Во своите рани дваесетти години, таа се трудела да ја постигне совршената формула за успех во Холивуд, место каде изгледот е сè уште најважен. Разговорот со Ејприл Вебстер ѝ ги отворил очите, по кој таа станала она што навистина е.

"Никогаш претходно не сум ја запознала, а на мојата прва аудиција кај неа, таа ме застана на сред сцена и едноставно ми рече – мораш да знаеш дека си добра онаква каква што си. Останав без зборови. Никој дотогаш не ме доживеал на тој начин, ниту ми кажал такво нешто, и тоа дојде од жена која никогаш претходно не ме запознала. Ми ги отвори очите, а мојата прва реакција беше насмевка", изјавила Маркл.

"Почнав да се смеам бидејќи тоа беше единствениот начин да ги запрам солзите во моите очи. Таа е првата која ме виде мене онаква каква што сум, под дебелиот слој на шминка, вештачкиот тен и нагласеното руменило. Таа ми рече – помалку шминка, повеќе Меган".

Како што објаснила актерката, токму Ејприл Вебстер ја забележала нејзината несигурност која со години пробувала да ја сокрие.

Поврзани

Најнови вести

Коментари