НОВА АФЕРА

Марко Јариќ му ја лапна сопругата на Аца Лукас?

Соња Вуксановиќ се разведува од Аца Лукас и тоа поради Марко Јариќ! - Вака гласи насловот кој деновиве ја потресе јавноста ширум овие простори,

Соња Вуксановиќ се разведува од Аца Лукас и тоа поради Марко Јариќ! - Вака гласи насловот кој деновиве ја потресе јавноста ширум овие простори, а според пишувањата на српски "Информер" екс кошаркаркот и модната креаторка веќе неколку месеци се во "шема" и тајно се гледаат во Мајами.

Соња и Марко се знаат со години, но дури пред неколку месеци почнаа да се дружат и да излегуваат заедно. Во почетокот ги врзуваше само пријателство, но со текот на времето се јавија и емоциите и навидум лесниот флерт прерасна во еден убав однос кој што е полн со доверба и разбирање. Соња од Марко го добива она што никогаш не го добила од Лукас и сега е решена засекогаш да го остави пејачот затоа што повеќе не може да ги трпи неговите испади, а еве конечно и има добар и стабилен маж покрај себе кој ќе ја поддржи во сето тоа", открила пријателка на Соња и додала дека "љубовниците" се гледале исклучиво во Америка.

Марко поради работните обврски цело време е во Мајами, а Соња неколку пати беше кај него на гости. И Лукас е запознаен со нивниот однос, иако глуми и се прави дека ништо не знае", додала пријателката која сакала да остане анонимна.

Наводно чашата ја прелеал последниот испад на Лукас кога претепа фоторепортер, а после кој Соња решила да го остави.

 

Најнови вести

Коментари