Скопје се тресе

ЛУДИЛО: Меморија растури!

Членовите на групата „Меморија" по цели 20 години повторно се собраа и најавуваат нови проекти. Бендот, кој уживаше голема популарност кон крајот на 1980-тите и 1990-тите години, вечерва одржува голем концерт во Скопје, но и документарен филм за успешната и богата кариера.

Доказ за тоа е што сѐ уште се слушаат некогашните хитови на „Меморија" – „Оган под ѕвездите", „Нена", „Зошто боже", „Македонија", „Снежо, Снежана", „Нашите слики", „Параходот", „Црна се чума зададе"..., кои се снимени на петте студиски албуми што ги објавија.

Според басистот Петар Георгиевски-Камиказа, кој е еден од основачите на легендарниот бенд, вели дека најважно е што сите членови се повторно заедно и што, и покрај многубројните обврски, имаат желба и енергија за соработка.

„Меморија" е основана во 1984 година, а во текот на годините во неа членувале Апостол Поце Икономов, Петар Камиказа Георгиевски, Антонио Димитриевски, Дејан Кузмановски, Валентино Скендеровски, Нино Бошњаковски, покојниот Зоран Илиќ, кој го испеа првиот голем хит на групата „Нена", Александар Јаблан Стефановски, Сашо Ангелов, Дејан Миновски, Ристо Ицо Јовковски, Бане Поповиќ и Ристо Самарџиев.

Членовите на групата се собраа неодамна, на прославата на 55-от роденден на Петар Георгиевски-Камиказа, кога и официјално го најавија своето големо враќање.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари