Ништо од смирувањето со Марко Јариќ

Лима после Црна Гора замина во Бодрум во друштво на новиот дечко!

Бразилската убавица деновиве ужива во Турција во друштво на новиот дечко,тускиот писател Метин Хара.

Бразилската убавица деновиве ужива во Турција во друштво на новиот дечко,тускиот писател Метин Хара. 

Се запознав со Адриана Лима во Истанбул на 11-ти јуни", Изјавил Метин за Daily Sabah. "Сфативме дека има чувства меѓу нас, но се уште се запознаваме еден со друг".

Адриана го запознала Метин Хара на 11 јуни кога тој и го подарил својот роман, по што таа го постирала насловот "Инвазија на љубовта – Патот" (Invasion of love – The Path) за духовноста и самоспознавањето, на сите препорачувајќи им ја на Инстаграм на 12 јуни.

Веќе е познато дека Лима ја негува спиритуалноста и често постира изреки, искуства и совети на таа тема.

Лима до понеделникот, до доаѓањето во Бодрум, беше во Црна Гора со Марко Јариќ, ќерките и неговата мајка. Иако сите го очкуваа големото смирување на поранешните сопружници, од тоа очигледно нема да има ништо.

Поврзани

Најнови вести

Коментари