ОДМОР ОД СОНИШТАТА

Кристијан Јованов: Тајланд е еден од моите најубави одмори!

Младиот пејач Кристијан Јованов кого пошироката јавност го запозна преку шоуто Операција триумф, а беше дел и од последната сезона на Sвездите на Гранд е на својот одмор од соништата.

Кристијан заедно со своја добра пријателка, која била најголем "јунак" од сите негови пријатели да заминат на толку далечна дестинација, веќе извесно време престојува на Тајланд од каде редовно ги "брифира" своите виртуелни пријатели.

"Имав напорен период, свирки, подготовките за Гранд, па решив годинава убаво да се одморам пред она што ме очекува во следниот период. Изборот падна на Тајланд и иако сум се уште тука и одморот е во полн ек можам слободно да кажам дека ова е еден од моите најубави одмори. Прв пат сум овде и навистина не се опишува чувството. Преубаво е. Островите - секој е своја приказна... Џејм Бонд, Пи пи којшто е преполн со мајмуни... А дефинитивно најголем впечаток ми оставија Маја Беј и Ко Пи Пи, остров на кој е снимен филмот "Плажа" со Леонардо ди Каприо", вели Кристијан, кој вели дека размислува после подолга пауза да сними нешто ново.

"Размислувам веќе извесно време и мислам дека кон крајот на летото ќе влезам во студио", додава Кристијан.

Поврзани

Најнови вести

Коментари