Велевска фати пат

Кога стигна во Австралија кога удри на фоткање!

Елена отпатува и покрај заканите од некои од нашите иселеници дека никој нема да и дојде на настапите заради изјавата дадена на една бугарска телевизија.

Фолкерката Елена Велевска деновиве замина на десеттата австралиска турнеја, каде со оглед на тоа дека ја очекуваат повеќе настапи замина со помала екипа. Вели, кога биле повеќе настапи во прашање подобро било екипата да е помала зашто така многу полесно се усогласувале. Првиот концерт им е закажан на 21 април во Сиднеј, а се до последниот во Перт на 20 мај, ќе пеат и пред нашинците во Волонгонг, Мелбурн, Канбера, Гелонг...

"Ова ќе ми биде десетти пат во Австралија и освен првиот кога не ме познаваа доволно, секогаш сум имала успешни настапи," вели Елена, која отпатува и покрај заканите од некои од нашите иселеници дека никој нема да и дојде на настапите заради изјавата дадена на една бугарска телевизија. Фолкерката која се обиде да ја "испегла" ситуацијата со објаснување дека недоразбирањето се случило затоа што комуникацијата се одвивала на два јазика – македонски и бугарски, пред заминувањето уште рече: "Се надевам дека убаво ќе си поминеме на оваа турнеја и дека се ќе помине во најдобар ред, ќе се вратиме повторно во нашиот крај и со нови сили ќе истражуваме што е тоа следно што треба да се работи и да се снима".

Поврзани

Најнови вести

Коментари