Видео

Кога Артуро Сандовал свири "Твоите очи Лено мори"

Сандовал летово имаше настап во Охрид каде најде време и за да ги разгледа убавините на овој наш туристички бисер. А токму оваа уникатна дружба, по која тој и го покани Валдимир Четкар да биде дел од неговиот концерт е доказ дека зборовите оти си поминал преубаво и едвај чека нова покана за гостување не се само празен муабет. Секоја чест мајсторе!

Вака звучи "Твоите очи Лено мори" во изведба на големиот музичар:

Трубачот Артуро Сандовал (САД) е еден од најдинамичните и најенергичните музичари на денешнинава. Добитник е на 10 награди "Греми", 6 "Билборд" и една награда "Еми".

Редовно настапува со водечките симфониски оркестри низ светот, а соработката со некои од најголемите музички ѕвезди денес резултирала со голем број компакт-дискови. Сандовал е познат и како композитор на филмска музика.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари