МИКИ И СВЕТЛЕ ЦРНОКРАК - ГОРДИ МАМА И ТАТО

Ќе организираме матурска прослава за Моника, но во границите на нормалата!

Матурите веќе се во полн ек, а меѓу гордите родители кои ги испраќаат своите деца да го прослават завршувањето на средното образование се и Мики и Светлана Црнокрак.

Матурите веќе се во полн ек, а меѓу гордите родители кои ги испраќаат своите деца да го прослават завршувањето на средното образование се и Мики и Светлана Црнокрак. Имено, ќерката на најпознатиот моден пар кај нас, Моника, деновиве се дотера и блесна за овој посебен ден за неа, а гордите тато и мама овој момент го овековечија и со неколку фотки кои ги споделија на социјалните мрежи.

Како и сите родители кои имаат матуранти, така и ние сме горди на нашата ќерка која веќе прерасна во голема девојка и наполни 18 години. Во текот на наредната недела ќе организираме прослава на која ќе присуствуваат најблиските роднини и пријатели, но се тоа ќе биде во границата на нормалата и нема да приредуваме мини свадба како што тоа го прават во последно време многу родители", откри Мики.

Младата Моника се уште размислува на кој факултет ќе го продолжи школувањето, а Мики вели дека што и да се одлучи, ќе ја има поддршката од него и Светле.

Уште размислуваме што и како, одлуката, секако, е нејзина. Ја сака модата, но има и други интереси, па ќе видиме што ќе избере на крај. Ова е посебна година за мене и Светле, Моника ќе се запише на факултет, Нина од септември ќе биде прваче и многу сме горди и на двете", додаде Црнокрак.

Поврзани

Најнови вести

Коментари