ПЕЈАЧКАТА ГО ПИКИРАЛА ЦЕЛОТО БОГАТСТВО

Како Северина сака да го уништи Милан Поповиќ?

Тврдењата на адвокатката Сања Туркалов, која за српските медиуми изјави дека никогаш немала правно полномоштво на имотот на српскиот бизнисмен Милан Поповиќ, се невистинити. Она што медиумите го добиле за увид биле документи по кои јасно се гледа како адвокатката Туркалов му била помошник на Поповиќ, а зад грб му работела заедно со хрватската дива Северина, која во моментов е во фаза на разделба со таткото на нејзиниото дете, Милан.
Адвокатката во изјавите за српските медиуми тврдела дека никогаш не и давала правни совети на Северина, но неколкуте електронски пораки до кои успеале да стасаат медиумите, го тврдат сосема спротивното. Имено, познатата адвокатка во повеќе наврати комуницирала со Севе по пат на електронска пошта и ја советувала пејачката за имотот на Милан, притоа кажувајќи и што да направи во случај да се разделат.

Поповиќ, кој неодамна обелодени во јавноста дека Северина не му дозволува да го гледа синот и има посебни критериуми кога неговите посети се во прашање, поднел тужба против адвокатката Туркалов со обвинение за повреда на чување на адвокатска тајна и давање на доверливи информации на Северина.

Северина, пак, од друга страна, тврди дека не му дозволува на Поповиќ да го гледа син и Александар, бидејќи се плаши Милан да не го киднапира. Поради тоа таа бара од судот да му дозволи на Поповиќ да го посетува синот само во Хрватска и тоа под задолжителен надзор.


Во електронската пошта од 18.7.2013 година адвокатката Сања Туркалов и пишува на Северина:
Можеби за висината на алиментација е неповолно за тебе и Александар да ја утврдува центарот за социјална работа, бидејќи таму работат луѓе кои имаат многу помали плати отколку што би требало да биде висината на алиментација (знаеш дека постојат љубоморни луѓе).

Во електронската пошта од 24.7.2013 година Северина и пишува на адвокатката Сања Туркалов:
Мила, те молам испрати ми ги сите документи кои ги имаш од катастар. Препрати ги на меилот на мојата адвокатка.

Во електронската пошта од 28.7.2013 година адвокатката Сања Турлаков и пишува на Северина:
Дали сакаш да извадам од катастар документација за сите недвижнини на Милан во Белград или пак сакаш само за оние кои ги има купено додека вие двајца бевте заедно? Доколку те разбрав добро, доколку сакаш да бараш алиментација, тогаш ти требаат докази за сите негови недвижнини. Размисли што ти треба и кажи ми.

Поврзани

Најнови вести

Коментари