Светот не е воодушевен

Кајли Миног си фати дечко принц!

Кајли Миног (47) наводно веќе неколку недели е во врска со принцот Ендрју (58), војводата од Јорк. Ова тврдење е изнесен во еден австралиски таблоид, јавија британските медиуми.

По раскинувањето на веридбата со британскиот актер Џошуа Сас, Кајли среќата наводно ја пронашла во синот на кралицата Елизабета. Тие почнале да комуницираат откако Кајли ја прекина веридбата со актерот во февруари оваа година.

Принцот Филип неодамна на пејачката и предаде награда во дворецот Виндзор, а тогаш наводно почнало и интензивното дружење со Ендрју.

- Во овој момент се неразделни, Ендрју е сто отсто опседнат, рече еден извор за списанието. Истиот извор тврди, дека Кајли би требало да биде придружничка на принцот Ендрју на скорешната свадба на сестрата на Кејт Мидлтон, Пипа.

Поврзани

Најнови вести

Коментари