НЕ МОЖАТ ДА ПОСТИГНАТ СЕ САМИ

Јоксимовиќ бараат дадилки за близначките

Брачниот пар Јована и Жељко Јоксимовиќ кои минатата недела ги добија близначките Срна и Ана веќе бараат дадилки за своите мали миленички.

Брачниот пар Јована и Жељко Јоксимовиќ кои минатата недела ги добија близначките Срна и Ана веќе бараат дадилки за своите мали миленички. Имено, водителката не можела да постигне се сама, па поради тоа решила да побара стручна помош.

Јована никако не може да постигне се сама, уште ја боли и раната од царскиот рез ,и помагаат Жељко и нејзината мајка, но и тие не можат да постигнат се, па поради тоа тргнаа во потрага по бебиситерки. Дадилките мора да имаат искуство, да имаат завршено медицинско високо училиште, акушерска насока и да имаат барем неколку врвни препораки. Секоја од вработените треба да биде максимално посветена на бебето, а за почеток ќе треба и во текот на ноќта да бидат со бебињата, открил близок извор на парот.

Инаку, нивниот првенец Коста исто така има дадилка, а главниот збор околу грижата и воспитувањето го има мама Јована.

Поврзани

Најнови вести

Коментари