Калиопи:

Јас сум дете на зимата!

Србија, Црна Гора, Сараево, Бања Лука... Каде е можеби и не е толку важно, најважно е дека секаде каде што оди има снег, на кој таа му се радува како дете.

Зима, зима епа што е?... Зима, зима не е лав... Зима, зима... нека е, не се плаши кој е здрав! така некако оди една позната детска песничка, која очигледно и е омилена на Калиопи. Пејачката, која периодов е вклучена на турбо и ја промовира новата песна "Роденден" што ја објави пред самиот крај на 2016, а во чест на својот јубилеен роденден, постојано е некаде, па да не се фотките и постовите што ги објавува на социјалните мрежи можеби ни самата нема да знае каде легнала, а каде ја разденило...

Србија, Црна Гора, Сараево, Бања Лука... Каде е можеби и не е толку важно, најважно е дека секаде каде што оди има снег, на кој таа му се радува како дете. Доказ последната објавена фотографија под која напишала "Јас сум дете на зимата. Дали има и други деца на зимата"; а на која позира насмеана среде некој пат и на снежна виулица. Очигледно е лесно кога си дете на зимата и кога со насмевка можеш да се стоплиш и да уживаш во снежната бура и поларните температури.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари