ПРИСТИГНАА ШТРКОВИТЕ

Јана Бурчевска ја роди Дона!

Пејачката Јана Бурчевска деновиве на свет ја донесе малата Дона.

Пејачката Јана Бурчевска деновиве на свет ја донесе малата Дона. Тазе мајката и нејзиниот избраник Александар се пресреќни за приновата, а веста за породувањето ја објавија најблиските пријатели на овогодишната евровизиска претставничка преку социјалните мрежи каде јавно и честитаа и и посакаа многу среќни семејни мигови.

Инаку, Јана пред три месеци се заколна и на вечна љубов, а за својата свадба рече дека била најдобрата журка на која некогаш присуствувала во животот.

Си поминавме супер, бев многу весела невеста, играв цела вечер и одлично се забавувавме. Би сакала и денес пак да правам свадба, навистина се беше одлично. Иако сум со труднички стомак, цела веселба ја поминав на високи потпетици и воопшто не почувствував умор, рече Јана за ВЕЧЕР непосредно по свадбата.

Парот пред да се венча и да ја добие малата Дона беа во врска една година, а се свршија во Киев во евровизискиот бекстејџ пред очите на милиони луѓе ширум светот.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари