Роберт Патинсон:

Ја раскинав свршувачката, уморен сум од се!

Холивудскиот глумец Роберт Патинсон, кој најголема слава стекна со неговата улога во сагата "Twilight", се разделил со својата вереница бидејќи бил "уморен од се".

Холивудскиот глумец Роберт Патинсон, кој најголема слава стекна со неговата улога во сагата "Twilight", се разделил со својата вереница бидејќи бил "уморен од се". Претходно Роберт беше во врска со неговата колешка од филмот "Twilight", Кристен Стујарт со која исто така после две години ставиле крај на врската, па таа после него стапуваше во врски со жени.

Очигледно работите меѓу двојката не биле како што треба, па долго време се шушкало дека тие не се заедно. Во септември 2014 година се дознало дека познатиот глумец е во врска не толку експонирана пејачка, FKA Twigs. 7 месеци подоцна, познатиот Роберт Патинсон ѝ ставил прстен на раката.

Парот изгледаше среќно, но кога гостувале во емисии одбивале да зборуват за приватниот живот, па јавноста немаше можност да знае нешто повеќе за нив. Пред неколку недели се појавиле првичните вести за тоа дека парот одлучил да се раздели, а тоа се потврдило кога на London Fashion Week пејачката се појавила без нејзиниот веренички прстен.

Од извор близок до парот било потврдено дека овие гласини се вистинити бидејќи, како што кажува изворот, Роберт бил "уморен од врската". Поради тие причини тие сè повеќе се оддалечувале еден од друг.

Во последно време сè помалку се гледаа, тоа траеше со месеци. На Роберт му беше доста од таквото функционирање во врската и одлучи да стави крај на веридбата. Тој сè уште се грижи за неа и му беше многу тешко да ја донесе оваа одлука, но беше повеќе од очигледно дека тие не функционираат добро како пар", вели изворот за Daily Mail.

Претходно, 31 годишниот глумец Роберт Патинсон исто така беше во двегодишна врска со неговата колешка, Кристен Стујарт која после разделбата стапуваше во врски со жени.

Поврзани

Најнови вести

Коментари