Ја чека долго лекување: Се зборуваше дека е болна, дека не е страшно, а потоа докторот на Шакира виде крв…

Пред извесно време се зборуваше дека Шакира има проблем со здравствената состојба, но пејачката нагласи дека станува збор за нешто минливо.

Иако откажа неколку концерти, беше подготвена на се врати на сцената, а потоа во една прилика нејзиниот доктор забележал крв на нејзините гласни жици и сфатила дека нешто не е во ред. Познатата пејачка боледува од тешко воспаление на гласните жици и состојбата е комплицирана и лечењето ќе трае долго.

Поради тоа  откажа дури 17 концерти за кои картите одамна беа распродадени.

– Во текот на сите овие години никогаш не сум се соочила со ситуација како оваа. Не можам да го дочекам денот кога ќе се вратам на сцената и да ве слушнам како пеете со мене, напиша Шакира за медиумите.

Поврзани

Најнови вести

Коментари