ДИНО ЗАХОВ И ЈОВАНКА РАДИЧЕВИЌ:

Има време за свадба, сега кариерите ни се приоритет!

Иако сите очекуваа ова лето ракометарката Јованка Радичевиќ и официјално да стане сопруга на фудбалерот Дино Захов, тоа не се случи.

Иако сите очекуваа ова лето ракометарката Јованка Радичевиќ и официјално да стане сопруга на фудбалерот Дино Захов, тоа не се случи. Причина за ова, според кажувањата на струмичанецот, се многубројните обврски кои ги имаат и двајцата, па поради тоа решиле свадбената веселба да ја одложат, а во меѓувреме парот и понатаму живее во заедничкиот стан во Скопје и уживаат во љубовта.

Не се брзаме никаде, поради многуте обврски кои ги имаме и двајцата не успеавме да најдеме време за свадба, едноставно уживаме во љубовта, живееме заедно и се е супер. Свадба, здравје можеби ќе има во иднина, но тоа сега-засега не ни е приоритет, бракот е само едно обично парче хартија, важно е разбирањето и почитта, истакна Захов.

Инаку, двојката се вери пред две години и тоа во Дубаи каде беа заедно на годишен одмор. Пред тоа беа година и пол во врска.

Поврзани

Најнови вести

Коментари