Грција некогаш била земја на крокодили, кобри, и џиновски гуштери!

 Околинатана реката Аксиос – што на грчки е назив за Вардар – личела на савана и неа ја населувале кобри и џиновски гуштери

Крокодили, кобри и џиновски гуштери со величина на летечки змаеви, кои се нарекуваат варани, некогаш живееле на брегот на Вардар и престојувале на островот Евија пред девет до 18 милиони години покажува најнова студија за фосилните остатоци.

Тим на научници од универзитетот од Торино о Фрибург, на чело со Јоргос Јоргалис, испитувал скаменнети остатоци од крокодилски заби во Аливерија на Евија.

Станува збор за еден од најстарите крокодилски фосили било кога пронајдени во Грција, а во истата област пронајдени се фосили од камелеони единствени во таа земја, како и змии, гуштери, желки, жаби, рекол Јоргалис, кој е написот за фосили го објавил во списанието "Историска биологија".

Како што објаснува, на подрачјето на Евија во минатото климата била многу топла и влажна, па највероватно таа област потсетува на џунгла, додека од друга страна, околинатана реката Аксиос – што на грчки е назив за Вардар – личела на савана и неа ја населувале кобри и џиновски гуштери пред околу девет милиони години.

Јоргалис истакнува дека се први фосили на гуштери и змии кои се идентификувани во околината на Вардар, каде што досега научниците пронаоѓале претежно фосили од цицачи како што се човековите мајмуни, лавови, хиени и антилопи.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари