ПО ПОВОД 25 ГОДИНИ МУЗИЧКА КАРИЕРА

Ѓоко Ѓорчев спрема албум со светски арии и евергрини

Ѓоко Ѓорчев, кој годинава одбележува двеипол децении постоење на музичката сцена деновиве е затворен во студио каде работи на нов музички материјал кој што ќе биде ставен на албум

Ѓоко Ѓорчев, кој годинава одбележува двеипол децении постоење на музичката сцена деновиве е затворен во студио каде работи на нов музички материјал кој што ќе биде ставен на албум. Овој пат тој ќе им даде свој белег на познатите светски арии и евергрини, а еден од нив ќе биде и познатата песна на Френк Синатра, „My way", што е и работен наслов на носачот на звук.

Јас сум пејач на забавни мелодии, но ги негувам и евергрините. Уште кога првпат се појавив на сцената поради мојот специфичен тенор ме нарекоа македонскиот Том Џонс, а тој прекар остана до денес. Евергрините се моја голема љубов, па затоа одлучив некои до најубавите мелодии што се отпеани да ги ставам на новиот албум што го подготвувам. Исто така, неодамна снимив и оперска арија, заедно со сопранистката Кристина Палија од Неготино. Станува збор за дуетот од мјузиклот 'Фантом од операта' на Вебер. Среќен сум што се случи тоа, бидејќи преку оваа интерпретација открив некои нови вокални можности, а, секако, голем придонес има и Владимир Дојчиновски, кој го направи аранжманот", вели Ѓорчев киј во август ќе одржи концерт во Кавадраци, а кон крајот на септември ќе направи и славенички концерт во Скопје.

Не се чувствувам уморно кога е во прашање музиката, сѐ уште имам елан, желби, амбиции, планови. Во изминатите 25 години снимив шест албуми, освоив многу награди на домашни и меѓународни фестивали, снимив многу песни и спотови и среќен сум што мојата 25 годишна кариера ќе ја заокружам со голем концерт", заклучи пејачот.

Поврзани

Најнови вести

Коментари