Не го менува стилот, само ритамот

Фолкерот Душко сними уште една љубовна песна

Видеозаписот за темата „Рано е" е најновиот проект на Душко Георгиевски кој доаѓа како надополнување на богатиот репертоар на фолкерот.

Новиот спот е работен за песната потпишана од Орце Гелевски, чија е музиката, Ели Танасковска, како автор на текстот, и Дејан Момировски, кој е потписник на аранжманот. Видеозаписот, пак, е работен со „ИН Продукција", а кадрите се снимани во Охрид, Св.Наум и на планината Галичица, кои, вели фолкерот, како предели даваат доволно инспиративни слики во видеозаписот, како надополнување на убавите ноти и љубовната приказна.

„„Рано е" е песна со модерен фолк рефрен. Таа е едно освежување во стилот и покана до љубителите на мојата песна да ја слушаат и да уживаат во рефрените. Задоволство е да се има песна од квалитетни авторски имиња и докажани професионалци, секој во својот дел. Морам да споменам дека снимањето го започнавме во топол летен ден, како симболика на емоциите од рефрените на песната, која верувам нема да ги остави рамнодушни моите обожаватели. Очекувам дека оваа песна публиката ќе ја прифати брзо, зошто е приказна за една разделба, емоции и верба во љубовта и животот. Како што знае мојата публика, тие мотиви ми се омилени и ме водат во мојот музички репертоар", вели Георгиевски, најавувајќи нови музички изненадувања кои ќе следуваат до крајот на годината.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари