НАМЕСТО ПЕТ, ДАНИЕЛ ПОДАРИ ДЕСЕТ ПАКЕТИ

Филип Божиновски, Лозано, Александра Јанева... добија бесплатни спотови!

Благодарение на овој одличен проект, не пет, туку десет нови песни ќе ја збогатат македонската музичка ризница, а првите резултати од овие соработки што ветуваат ќе ги видиме за само неколку месеци.

Пред крајот на минатата година Даниел Јовески одлучи да го прослави јубилејот од пет години работа на регионалната сцена со интересен натпревар. Имено, тој номинираше педесет од своите колеги од македонската музичка сцена, а публиката имаше задача да одбере пет што ќе добијат бесплатен пакет со песна и видеозапис.

По повод пет години од мојата успешна работа, наградена на балканско ниво, одлучив да ја освежиме македонската естрада, на тој начин што ќе направивме он-лајн гласање, на кое вие одлучувавте и изгласавте 5 македонски пејачи/групи: Перо Пандилоски, Антонио Тасески, Само Тони и две жени, Филип Божиновски и Нена Мицева, кои ќе добијат подарок по еден видеоспот и песна/аудиозапис. Исто одлучив и другата петка под нив да ги исконтактирам Александра Јанева, Даниел Кајмакоски, "Бекдор бенд", Боби Мојсовски и Влатко Лозаноски и да им предложам еден проект за кој ако се согласат, би било многу убаво за македонската музика", откри Даниел.

Благодарение на овој одличен проект, не пет, туку десет нови песни ќе ја збогатат македонската музичка ризница, а првите резултати од овие соработки што ветуваат ќе ги видиме за само неколку месеци.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари