НЕДА УКРАДЕН:

Евтиниот начин на доаѓање до пари, води до длабока несреќа!

Мислам дека сум воспитала едно мошне добро дете, и тоа сама, со оглед на фактот дека од нејзината трета година сум разведена, рекла Неда Украден

Да бидеш образован е неопходен услов. Се плашам дека евтиното доаѓање до пари или слава водат до длабока несреќа. Така што мислам дека сум воспитала едно мошне добро дете, и тоа сама, со оглед на фактот дека од нејзината трета година сум разведена", рекла пејачката Неда Украден и признала дека својата ќерка, која и сама е мајка, ја посоветувала, доколку не дај Бо'е затреба, подобро да има пристоен развод отколку брак во солзи.

Пејачката открила дека својата ќерка уште од мали нозе ја учела оти најважно е да биде образувана жена и дека кога бил нејзиниот приватен 'ивот во прашање имала само еден услов кој му го соопштила и на зетот - дека не сака да ги види ни неа ни него несреќни.


Солзи не сакам да гледам, затоа им реков да се преиспитаат добро пред да си стават бурми. А и ако се служи после венчавката да сфатат дека не се еден за друг, дека еден солиден, пристоен и пријателски развод е далеку подобар од трагедија, солзи, ќотек и грди зборови", додала пејачката.

Поврзани

Најнови вести

Коментари