ДВОЕН ПОВОД ЗА ПРОСЛАВА

Ева во ист ден направи и свадба и крштевка на ќеркичката!

Експејачката Ева Нединковска и нејзиниот партнер Јурек, кои во јануари минатата година склучија граѓански брак, а во ноември ја добија и малата Ена, деновиве направија голема свадба со која ја крунисаа својата љубов.

Експејачката Ева Нединковска и нејзиниот партнер Јурек, кои во јануари минатата година склучија граѓански брак, а во ноември ја добија и малата Ена, деновиве направија голема свадба со која ја крунисаа својата љубов.

На прославата присуствувале сите нивни блиски роднини и пријатели, а највесела била нивната мала наследничка која ја крстиле истиот ден.

Забавата превесела, спонтана и топла, нашите луѓе искрени, разиграни и светли, музиката беспрекорна и широка, местото магично, храната највкусна и шаренолика, фотките се крчкаат. Ви благодарам на сите кои ни го направивте денот незаборавен", напишала Ева на Фејсбук каде што јавно им се заблагодарила на сите гости кои биле дел од овој важен ден за неа и нејзиното семејство.

Откако стана мајка Ева се повлече во целост од јавниот живот, а неодамна откри и дека ќеркичката е нејзин најголем двигател.

Времето галопира неповратно, мигот е се поскапоцен, пократок и побрз, а ти стануваш посвесен за кратковечноста и минливоста. Често велат дека откако ќе родиш деца дотогаш важните работи стануваат неважни. Мислам дека е баш обратно. Сите неважни работи ми станаа сосем неважни, а сите важни работи ми станаа уште поважни. Слободата, љубовта, праведноста, духот, телото, работата, делата, животот, интегритетот, семејството, пријателите, воздухот, чист ил' нечист... Откако ја имам неа, силата ми е посилна, стравовите потреперливи, соништата помечтателни, дилемите подвоумливи, страста пострасна, решителноста поодлучна, претпазливоста попретпазлива, радоста порадосна, оптимизмот попозитивен. На сите мои животни смисли се приклучи уште една, врховна, сеобединувачка. Најверојатно 'ко човек тежнееш кон почовечност, 'ко жена кон поженственост. Поради неа, за неа - поради себе, за себе", откри Ева.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари