ЗАРОБЕНА ВО СОПСТВЕНАТА КУЌА

Емина завеана среде Истанбул!

Пејачката Емина Јаховиќ деновиве среде Истанбул преживува вистински пекол, зашто не можела да го напушти семејниот дом кој поради невремето бил отсечен од светот.

Преживува пекол зашто не само што се буквално заробени, туку затоа што и стојат работите и околу организацијата на прославите на нејзиниот и роденденот на Мустафа, како и прославата по повод годишнината од бракот. Во изминатите пет дена воопшто не е излезена од дома, а ниту механизацијата не може да дојде до нејзината вила која е сместена во повисокиот дел на градот. Емина мораше да ги откаже сите гостувања и обврски, и се што може организира преку телефон", рекол близок пријател на пејачката, која ја потврдила истата приказна.

"Сакаме да ги одбележиме датумите кои ни се важни, но градот е блокиран. Буквално сме заробени заради снегот, не знаеме колку ќе трае ова, а не знам ни како ќе стигнам се да организирам во врска со прославата", рекла пејачката.

Поврзани

Најнови вести

Коментари