УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНСКА УБАВИЦА СО ТИТУЛА

Елена Анѓелоска е новото заштитно лице на Fashion Tv!

Минатиот викенд во Кирениа, Кипар се одржа финалето на изборот за "Miss Fashion Tv 2017".

Минатиот викенд во Кирениа, Кипар се одржа финалето на изборот за "Miss Fashion Tv 2017". 

Нашата претставничка, Елена Анѓеловска постигна солиден успех освојувајќи го второто место и титулата прва придружничка. Победничка е претставничката на Украина, Роксолана Ѕаминска, а титулата втора придружничка ја освои Ана Чристине Диаз Сантиаго од Венецуела. Трите беа промовирани во нови лица на Fashion TV.

Изборот се одржа во прекрасниот "Rocks Hotel" во Кирениа, каде 30 финалистки од целиот свет (вкупно беа пријавени преку 3.000), претстојуваа и се подготвуваа за финалниот настап една недела.


Исто така имаше и голема прослава на 20 години "Fashion TV", на која, како и на самиот избор, беше присутен и сопственикот на телевизијата, Мичел Адам.

Лиценцата за Македонија за овој престижен избор за убавина ја поседува модното студио Црнокрак, преку кого Елена настапи на Кипар и ја освои титулата.

Поврзани

Најнови вести

Коментари