ЈОВАНКА ЖИТАРОВА:

Една е мајка, сакам максимално да им се посветам на децата!

Јованка Житарова, која откако стана мајка повторно се врати во Македонија, вели дека музиката многу и недостасува и едвај чека да потпораснат близнаците Зои и Картер за да влезе во студио и сними нешто ново.

Јованка Житарова, која откако стана мајка повторно се врати во Македонија, вели дека музиката многу и недостасува и едвај чека да потпораснат близнаците Зои и Картер за да влезе во студио и сними нешто ново.

Јас се занимавам со музика од 7 години и да сакам да ја оставам не можам затоа што таа ми е во крвта и не знам што друго би работела ако не пеам. Многу ми недостасува публиката, микрофонот и дружбите до раните утрински часови, но децата уште ми се мали и не би сакала да ги оставам да растат со баба и дедо. Една е мајка и јас сакам максимално да им се посветам. Сепак, за некоја година кога ќе потпораснат малку планирам повторно да влезам во студио и да запеам за мојата публика", рече фолкерката која моментално другарува со пелените.

Откако дојдоа на свет Зои и Картер животот во целост ми се промени. Голем број работи кои некогаш ми беа приоритетни, сега не ми се затоа што тие ми се најважни. Зои е хиперактивна и цела е на мајка и, а Картер е помирен. Двајцата се супер и немам никакви проблеми, почнаа да одат од пред два месеци и сега по цел ден сум активна и трчам по нив",  додаде Житарова.

Поврзани

Најнови вести

Коментари