Се шушка

Џулија Робертс се разведува, го изневерувала сопругот со Ричард Гир

Порталот „Радаронлајн" пишува дека актерката Џулија Робертс и камерманот Дени Модер ќе се разведуваат.

Порталот „Радаронлајн" пишува дека актерката Џулија Робертс и камерманот Дени Модер ќе се разведуваат. Причината за тоа е аферата на актерката со Ричард Гир. Според истиот извор, бракот на Џулија и Дени е одамна во криза, а чашата ја прелеале нејзините чести и не толку тајни средби со Гир.

Ричард и Џулија заедно снимија два филма, „Убава жена" и „Невестата бегалка", а по подолго време се сретнаа во 2015 година кога гостуваа заедно во емисијата „Тудеј шоу" за да ја одбележат 25-годишнината од премиерата на „Убава жена".

„Радаронлајн" наведува дека токму тогаш се разгорела хемијата помеѓу нив двајца која секогаш постоела на филмското платно.

Засега ниту една од засегнатите страни не ги потврдува ниту демантира пишувањата.

Поврзани

Најнови вести

Коментари