Каков пресврт

Џоли и Пит не се разведуваат?!

Иако се разделени уште од септември минатата година, Анџелина Џоли и Бред Пит изгледа нема да се разведат. Популарниот пар веќе требало на суд да реши некои детали околу разводот, но изгледа не им се брза.

Главната причина за овој пресврт е промената во однесувањето на Бред. Тој пред повеќе од еден месец признал дека се борел со алкохолот и сега успеал да го контролира тој порок. Тоа ја изненадило Џоли, која, како што тврдат нејзини блиски, е спремна да го прими Пит назад доколку нешто се промени.

Ништо од разводот. Тие двајца не ги направија потребните чекори за да се стави крај на бракот, тврди нивен близок пријател.

Поврзани

Најнови вести

Коментари