Далеку од очите на јавноста

Џоли и Бред ќе ги разведува приватен судија

Еден од најмоќните и нагламурозните холивудски актерски двојки, Анџелина Џоли и Бред Пит, ќе ангажираат приватен судија во бракоразводната парница што ќе се одвива далеку од очите на медиумите и јавноста, а целта на таквата одлука е да се заштитат нивните деца и приватноста на семејството, јави „Си-Ен-Ен".

Анџелина Џоли и Бред Пит и нивните адвокати потпишаа договор за зачувување на правата на приватност на нивните заеднички деца и на семејството, со што сите судски документи ќе останат доверливи. Ангажираа приватен судија што ќе ги донесе сите потребни судски одлуки и ќе придонесе во забрзувањето на донесувањето на пресуди за сите преостанати прашања, се вели во заедничкото соопштение на двајцата актери.

Џоли и Пит се венчаа во 2014 година по 10 години заедничко живеење.Џоли поднесе барање за развод во септември минатата година. Двојката има шест деца, три посвоени и три биолошки.

Поврзани

Најнови вести

Коментари