НЕКСТ ТАЈМ СО НОВО МАЕСТРАЛНО ДЕЛО:

Две години го снимавме спотот, Македонијо се надеваме дека ќе се гордееш со нас!

Нам ни преостанува да им честитаме на успехот и од срце да се радуваме со нив за она што допрва следува. Дека имаат што да понудат, дека се поразлични од се што се пласира на домашната сцена и дека имаат квалитет се уверивме, а она што тие го направија може само да им послужи како пример на нивните помлади, но и постари колеги кои и тоа како имаат што да научат од нив. Браво момци, чиста десетка и само напред!

Некст Тајм објавија уште едно маестрално дело! После две години пауза и одличната преработка на темата "Ја излези Ѓурѓо" со која ги срушија сите рекорди, братското дуо задсиноќа во Драмскиот театар го промовираа видеото за преработката на "Слушам кај шумат шумите" која е авторско дело на композиторот Николче Мицевски.

Промоцијата ја отвори Ирена Спировска која присутните во салата ги потсети на почетоците на Мартин и Стефан и нивните успеси кои ги постигнаа во изминатите години.

После тоа следуваше видео преку кое се обратија близнаците, но и тимот кој што работел заедно со нив на проектот.

Ни требаа цели две години за да ја објавиме оваа нова преработка. Работевме трпеливо и со многу љубов, дадовме се од себе и сигурни сме дека ова е најдоброто нешто што излегло од нас до сега, рече Стефан.

Мартин, пак, во овој проект бил задолжен за реализацијата на видеото кое го изработи продукцијата "Мелем", под режисерската палка на Огнен Шапковски, а директор на фотографија е Кристијан Теодоров.

Снимавме на многу локации, долго време разговаравме, разменувавме идеи, и целиот тим даде максимум од себе за овој спот да изгледа вака, додаде Мартин, а режисерот пак истакна дека додека снимале на планините работата ја почувствувал како одмор со оглед на тоа што цело време се дружеле.

Главната улога во видеото ја има актерката Ана Стојановска, а покрај неа се појавуваат и Бранко Калеников, Борис Јосифовски, Васко Гегоски, самиот режисер Огнен и секако Мартин и Стефан.
Откако заврши видеото со обраќање, премиерно беше прикажан и спотот кој предизвика бура на емоции во Драмски, а публиката станата на нозе со грамогласен аплауз го поздрави нивното ново остварување.

Крајот, пак, беше резервиран за две интерпретации на Некст тајм, па така присутните имаа можност да чјуат како звучи во живо изведбата на "Слушам кај шумат шумите", но се потсетија и на неповторливата "Ѓурѓа", која сите ја пеаа во еден глас со Стефан.

Момците најавија и албум со преработки кој би требало да излезе веќе следната година и истакнаа дека искрено се надеваат оти Македонија ќе биде горда на она што тие го работат.

Нам ни преостанува да им честитаме на успехот и од срце да се радуваме со нив за она што допрва следува. Дека имаат што да понудат, дека се поразлични од се што се пласира на домашната сцена и дека имаат квалитет се уверивме, а она што тие го направија може само да им послужи како пример на нивните помлади, но и постари колеги кои и тоа како имаат што да научат од нив. Браво момци, чиста десетка и само напред!

(Ј.А)

Поврзани

Најнови вести

Коментари