Блејк Лајвли:

Додека јас се породував, Рајан танцуваше и ме смееше!

Еден од најубавите холивудски парови се Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс. Тие постојано се под лупата на светската јавност, но некои детали од својата љубов успеале да ги зачуваат, се' до неодамна.

Еден од најубавите холивудски парови се Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс. Тие постојано се под лупата на светската јавност, но некои детали од својата љубов успеале да ги зачуваат, се' до неодамна.

Имено, убавата актерка открила некои интересни детали за својот брак во интервјуто со дизајнерот Мајкл Корс.

Актерката му раскажала на дизајнерот во неговиот серијал на видео интервјуа "True or False" дека нејзиното второ породување, во октомври минатата година, се одвивало во многу интересна атмосфера.

Додека Блејк се породувала, Рајан танцувал во салата на познатата песна "Let's Get It On". Кога станува збор за раѓањето на едно бебе, оваа нумера и не е толку „неоправдан" избор. „Мојот доктор се смееше толку гласно, што мислев дека ќе го испушти нашето бебе", додала Блејк.

Со зборовите "Let's Get It On" на свет дошла нивната втора ќерка Инес (Блејк и Рајан ја имаат и тригодишната ќерка Џејмс).

Блејк во разговорот со Корс открила дека прв пат се бакнала кога имала 16 години. Тоа се случило на филм и актерката била многу нервозна. Таа раскажала дека нејзин симпатија бил Дејвид Летерман, со што го шокирала славниот дизајнер.

Во интервјуто дознавме и дека името на нејзиното прво куче било "405 after the L. A. freeway". Ниту Корс не се штедел, па раскажал дека неговата тетка на неговата Бар мицва носела бикини.

Поврзани

Најнови вести

Коментари